Тинејџерка надмудрила провалници: На овој трик ја научил нејзиниот татко полицаец (ВИДЕО)

Тинејџерка надмудрила провалници: На овој трик ја научил нејзиниот татко полицаец (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Тинејџерка сподели едноставен трик на ТикТок кој го користела за да ги надмудри провалниците. Може да ви помогне да останете безбедни во вашиот дом.

Секогаш е добра идеја вратата да ја заклучувате со синџир.

Тоа го научила Џози Бауерс кога имала 15 години, престојувајќи во Хилтон во Мериленд. Сега има 19 години и својата приказна ја објави на ТикТок. Таа сподели едноставен трик што го научила од нејзиниот татко полицаец, а истиот може да ви помогне да останете безбедни во својот дом.

Џози, приказната ја започнува со одморот на кој заминала со семејството. Таа била сама во хотелската соба и требало да се истушира кога слушнала разни звуци. Погледнала кон изворот на звукот и била шокирана од она што го видела.

„Пред да влезам да се избањам слушнав звуци и отидов да видам од каде доаѓаат, а потоа го видов овој уред. Само стоев таму замотана во крпа, а човекот ја отвори врата“ - сподели Џози.

Таа ја затворила вратата најбрзо што можела и го ставила синџирот.

„Веднаш ме фати паника. Бев во крпа, а некој беше на работ да ја отвори вратата. Вратата се отвори малку, а јас ја турна наназад и го ставив синџирот на неа“ - кажа таа.

Џози потоа рече дека двајцата мажи почнале да разговараат со неа низ вратата. Велеле дека се од хотелот и дека дошле да ја поправат вратата.

„Ми кажаа дека мојот електронски клуч е скршен и дека треба да влезат во собата и да ја поправат бравата. Ја отворив вратата малку за да видам дали навистина се работници. Беше јасно дека не се вработени, бидејќи носеа обични панталони и кошули. Персоналот во Хилтон е прилично елегантен“ - раскажа девојката.

Тогаш се сетила на еден трик што ѝ го кажал нејзиниот татко, кој работел како полицаец. Не дозволувајте луѓето да сфатат дека сте сами.

Додека мажите почнале да ја убедуваат дека се таму за да ја поправат вратата, Џози се обидела да ги убеди дека не е сама во собата. 

„Мислам дека добро го изведов тоа, мојот татко е полицаец, па добро ме научи. Извикав: „Татко, некој дојде да ја поправи вратата“. Штом слушнаа дека не сум сама и дека татко ми е тука, избегаа“ - кажа Џози.

Брзата реакција ја спаси тинејџерката од опасност.

Таа вели дека е среќна што ја споделува својата приказна и се надева дека ќе им помогне и на другите. Исто така посочи дека е многу добра идеја секогаш да ви е ставено синџирчето на вратата.

„Мило ми е што го доживеав ова бидејќи можам да им помогнам на луѓето. Се разбира, можеше да заврши многу лошо. Бидете безбедни, заклучете ја вратата и наместете го синџирот“ - кажа таа.

Нејзината приказна стана толку популарна, а видеото има повеќе од 12 милиони прегледи. Советот од нејзиниот татко сигурно добро ќе им дојде на многумина.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: