Тинејџерка обожува брзо возење: На 16 години се запиша во Гинисовата книга на рекорди
Го надмина претходниот рекорд за повеќе од половина секунда и со тоа го запиша своето име во Гинисовата книга на рекорди
Клои Чемберс има само 16 години, а веќе вози Порше и тоа не било какво, туку 718 Boxster Spyder. Зад воланот на овој спортски автомобил, таа го постави новиот рекорд во брзо возење помеѓу конуси.
За само 47,45 секунди изведе „слалом“, заобиколувајќи 51 конус, меѓу кои растојанието било 15 метри.
Со овој резултат го надмина претходниот рекорд за повеќе од половина секунда и со тоа го запиша своето име во Гинисовата книга на рекорди.
Инаку Клои, веќе седум години вози картинг и се натпреварува во трки. Поршето со кое го постави новиот рекорд е серискиот 718 Spyder, кој се напојува со шестцилиндричен атмосферски боксер мотор, со зафатнина од 4 литри и 420 коњски сили.