Тинејџерката најдоминантна на наградите Греми: Били Ајлиш победи во 4 топ категории

Тинејџерката најдоминантна на наградите Греми: Били Ајлиш победи во 4 топ категории

Објавена во: Stars // Музика

Доделувањето на музичките награди Греми се одржа синоќа во Лос Анџелес, во центарот Стејплес, а 18 - годишната музичка ѕвезда Били Ајлиш се запиша во музичката историја освојувајќи четири големи награди и уште неколку помалку. И тоа се за песната од својот прв албум.

Доделувањето помина во знакот на загубата на НБА легендата Коби Брајант. Церемонијата започна со една минута молк за него, додека главната програма ја отворија пејачките Лизо и Алиша Кис, двете споменувајќи го големиот спортист.

Како што веќе кажавме Били Ајлиш доминираше на ова доделување, земајќи 4 златни грамафони во 4 големи категории. Најпрво со својот роден брат Финиас О'Конел доби награда за Греми за најдобра песна на годината. Во прашање е суперхитот „Bad Guy“ кој говори за насилството над жените, а која со својот брат ја снимила во нивната семејна куќа.


„Ова е прва моја Греми награда, не верував дека ова некогаш ќе се случи. Знам дека многу се шегувам и дека изгледа дека никогаш не сум сериозна, но искрено сакам да кажам дека сум благодарна“ - рече младата пејачка.

Неколку часа подоцна, „Bad Guy“ е прогласена и за најдoбра снимка на годината (record of the year), што значи дека освен Били наградата ја добија и сите други кои учествувале во создавањето на песната.


Били Ајлиш исто така го однесе и Гремито за најдобар нов уметник на годината, а нејзиниот прв албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“, кој минатата година беше најпродаван во САД, ја освои наградата за албум на годината. 

Покрај овие 4 награди во главните категории, албумот на Били беше награден со Греми и во категоријата поп вокален албум, со што пејачката доби вкупно 5 награди. Со освојувањето на овие награди ја надмина Тејлор Свифт како најмладата личност која некогаш добила Греми награда.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: