Тито им приреди невиден пречек: Кралската двојка на гости кај претседателот на Југославија

Тито им приреди невиден пречек: Кралската двојка на гости кај претседателот на Југославија

Објавена во: Живот // Живот

Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип го посетија Балканот, односно тогашна СФРЈ...

Британската кралица Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип, кој почина вчера на 99 - годишна возраст, беа гости на Јосип Броз Тито во 1972 година, кога претседателот на тогашната СФРЈ им подготви спектакуларен пречек.

Како дел од настанот организиран по повод пристигнувањето на кралскиот пар во Белград, имаше обиколка на Авала и споменикот на Непознатиот херој, за што сведочат и снимките направени за време на прошетката на делегацијата на Обединетото Кралство низ паркот каде што се наоѓа познатиот споменик.

Инаку, двојката тогаш помина два дена во Белград, а потоа ги посети Дубровник и Загреб како дел од турнејата низ Југославија.

За време на неговиот престој во главниот град на СФРЈ, принцот Филип беше одликуван со Орден на Југословенската голема ѕвезда, највисокото одликување на тогашната СФРЈ основана од Тито.

фото: Wikimedia/Stevan Kragujevic / Profimedia/AFP

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: