„To All The Boys“ може да го гледаш и без да си претплатен на Нетфликс!
Сега овој филм можеш да го гледаш за Валентајн дури и доколку не си претплатен на Нетфликс!
Вториот дел од омилениот хит филм „To All The Boys I've Loved Before“ е конечно на популарната платформа, а од сега филмот можеш да го гледаш и бесплатно на Нетфликс дури и доколку не си претплатен, јавува PopBuzz.
Првиот дел од филмот ги освои срцата на многу тинејџери, но и оние малку повозрасните, а потоа сите со нетрпение го очекуваа ова продолжение.
Во филмот ја следиме средношколката Лара Џин чии приватни писма нејзината сестра ги испрати на адресите на сите нејзини симпатии. Откако во првиот дел заврши во врска со еден од нив, Питер, сега доаѓа уште една нејзина поранешна симпатија која би можела да и ги измеша плановите во новото продолжение...
Во продолжението наречено „To All the Boys: P.S. I Still Love You“, Лара Џин и Питер ја продолжуваат својата врска, но кога на вратата ќе се појави Џон Амброс, Лара Џин ќе мора да се запраша дали е можно да биде заљубена во двајцата истовремено и кој од нив е всушност нејзината прва љубов...
Со кој ќе го погледнеш овој филм?