Точно една година од најлошиот ден во нашиот живот: Александра Шијакоска благодарна на својот партнер што е до неа во секој миг
Пред точно една година на овој ден ѝ беше соопштена една од најужасните вести кои може да ги слушне еден човек. За среќа, помина. И да не се повтори никогаш и никаде.
Емотивна, денеска најпознатата модна инфлуенсерка кај нас, Александра Шијакоска се потсети на најлошиот ден од нејзиниот живот.
Споделувајќи фотографија од неа и нејзиниот момче, кое е до неа цел време, нејзина поддршка и поткрепа, му се заблагодари што е секогаш до неа.
„Пред точно една година ни соопштија дека имам тумор, дека е на многу лошо место, дека мора операција, а последиците од операцијата не се знаат. Може да се смрт, може само оштетување на некои од виталните функции, но операција мора да се прави. Мене за две - три недели роденден. Полнев 29 години. Не сум станала ни сопруга, ни мајка. Животот пред мене...-пишува Александра во објавата на инстаграм стори, додавајќи:
толку многу работи почнати, а незавршени. Мајка, татко, дедо и фамилија за гледање. Некој до мене што ме сака повеќе од се на светот и го повредувам најтешко и најболно. Но не јас...животот...Судбината. Така било пишано, што можам јас? Што можеме ние? -Пишува Александра.