Тој е син на познатиот голман на Партизан: Првото момче на Анастасија Ражнатовиќ е фудбалерот кој сите го заборавивме
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ често е во центарот на вниманието, а врската со фудбалерот Немања Гудеља предизвика интересирање за нејзиниот емотивен живот
Анастасија Ражнатовиќ пет години беше во врска со бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ, со кој започна заеднички живот, а токму кога многумина очекуваа свадба, раскинаа.
Анастасија не сакаше премногу да коментира никакви наводи и целосно ја почитуваше желбата на нејзиното поранешно момче да не биде застапувано во медиумите. По раскинувањето, пејачката набрзо се најде во центарот на медиумското внимание поради новата врска со српскиот репрезентативец.
Нејзината врска со Гудељ крена голема прашина, а пејачката и фудбалерот не се разделуваат од првиот ден. Нивните семејства се зближија, а Гудељ многу брзо ја запозна Цеца. Анастасија често е во Шпанија со своето момче и се чини дека сè функционира подобро од било кога.
Младата пејачка и претходно беше слаба на фудбалери, па така нејзинта заборавена тинејџерска љубов беше Немања Залада, кој е син на познатиот голман Раде Залада.
Оваа романса се случи во далечната 2012-та година, а Немања е шест години постар од Анастасија. Тие цело лето го поминаа заедно, иако медиумите пишуваа дека Цеца е против оваа врска, сепак тоа не беше вистина.
Фото: printscreen- Музиката е полна со емоции, што значи дека и јас знам што значи да се сака и да се заљубува. Имав и 14 и 16 години... А одговорот на прашањето е - да. Го запознав момчето на Анастасија. Многу е фин, воспитан, од убаво семејство... Треба да знам со кого се моите деца за да можам да им помогнам ако има потреба - изјави тогаш Цеца за медиумите.
Да потсетиме, животот на Анастасија Ражнатовиќ се следи уште од раното детство, а големо внимание привлече нејзината прва сериозна врска со Костадин Терзиќ, синот на Ѕвездан Терзиќ. Денеска е среќно оженет и има две деца, а раскинувањето со Анастасија не беше бомбастично.
Извор: glossy.espreso.co.rs