„Тој случајно се предозирал“: Комбинација од овие три опасни состојки причина за смртта на актерот Агнус Клауд
Причината за смртта на Ангус Клауд , ѕвездата на хит серијата „Еуфорија“, било случајно предозирање. Актерот кој на 31 јули беше пронајден починат на само 25 години, се бореше со менталното здравје.
-Ангус Клауд почина од фатална комбинација на фентанил, кокаин, метамфетамин и уште многу друго, за што се верува дека е случајно предозирање.Станува збор за акутна интоксикација поради комбинација на разни лекови, вклучувајќи и бензодиазепин изјавил портпаролот на округот Аламеда за Ентертејмент тунајт.
-Како уметник, пријател, брат и син, Ангус беше посебен за сите нас на толку многу начини… Единствената утеха што ја имаме е да знаеме дека тој сега повторно е со својот татко, кој му беше најдобар пријател. Ангус отворено зборуваше за неговата борба со менталното “, соопшти неговото семејство по неговата смрт.
ФОТО: youtube/screenshot