Толку е едноставно: Адисон Реј објасни како да снимите успешно видео на ТикТок
Адисон Реј е прва на листата најплатени ТикТокери на светот, така што таа без проблем успеава да се прослави со своите видеа и да и донесат огромен профил, а нејзиното име за кратко време се прошири, што доби и улога во филм. Веројатно, доколку и вие снимате видеа за ТикТок, моментално прашувате како е можно нечие видео да успее како оние на Адисон и дали воопшто постои рецепт за да се стане познат. Адисон вели дека можеби и постои, па го сподели со светот.
Според зборовите на Адисон за подкаст на „Spotify“, неоходно е да се биде автентичен - поентата не е да следат трендовите, туку да се направи свој. „Бидете свои и добијте идеја за нова содржина која луѓето не ја виделе порано или некои возбудливи работи кои не се толку познати на апликацијата. Никогаш не се знае што би можело да стане тренд, затоа треба да се пробаат нови работи“ - смета Адисон.
Кога се во прашање танцовите на ТикТок, Адисон вели дека со текот на времето се навикнала на тоа како би требало да ги одбира: „Не успевам секогаш од прва да снимам видео и да биде добро. Сега сум малку уморна од изборот и гледам да одберам танц кој е премногу лесен и дали може да се сними од прва. Сè уште сум многу пребирлива“ - открива познатата ТикТокерка.
Адисон за шоуто на Елен исто така зборуваше како дошла до идеја да снима! „Јас тоа го започнав бидејќи децата од пониските класови од моето средно училиште започнаа да снимаат, па јас помислив дека можам и јас, но јас веќе бев матурант и мислев дека за мене нема шанси. Тогаш снимив видео со мајка ми на песната на Мараја Кери, а Мараја го лајкна истото. Тоа беше првпат некој кој го сакам и му се воодушевувам да ме забележи“ - се присетува таа.