Топлес фотографиите на неговата мајка предизвикале скандал: Како тогаш реагирал 14 - годишниот принц Вилијам?

Топлес фотографиите на неговата мајка предизвикале скандал: Како тогаш реагирал 14 - годишниот принц Вилијам?

Објавена во: Совети // Семејство

Директорот на медиумската и издавачка куќа Conde Nast, 62 - годишниот Никогас Колриџ окрива досега непознат детаљ за тоа како другарите од средно училиште задевале принцот Вилијам поради топлес фотографиите на неговата мајка, принцезата Дијана.

Тоа е една од темите за кои Николас проговори во своите мемоари „The Glossy Years“, кои наскоро ќе ја здогледаат светлината на денот и во кој раскажал се за средбата со покојната принцеза Дијана. Таа во една прилика му се придружила на ручек среде скандалот со фотографиите и му открила дека тогаш 14 - годишниот Вилијам прилично вознемирен ја повикал на телефон од училиштето.

Тоа беше една недела откако беа објавени фотографиите на Дијана на кои се сончала без горниот дел од костимот за капење на еден балкон во Шпанија.

„Николас, може ли да те прашам нешто? Те молам, биди искрен. Дали ги виде моите фотографии, оние топлес? Вилијам е многу вознемирен поради тоа, ми кажа дека некои момчиња го задевале дека моите гради биле премали. Дали се премали, што мислиш?“ - наводно го прашала Дијана.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: