Трагедија: Млада ТикТокерка во живо го снимаше својот смртен пад од 50 метри висина
За жал, претходните месеци слушавме многу трагични приказни кога станува збор за ѕвездите на социјалните мрежи, но она што се случи на ТикТок ѕвездата од Кина, Ксијао Киумеи е особено морничаво. Имено, таа починала откако паднала од висина од 50 метри, а падот бил последица на обидот да се сними себе како стои на еден кран.
Како што пишува „The Sun“, несреќната девојка зборувала во камерата од кабината на самиот кран, кога почнала да паѓа. На видеото кое го објави порталот, можеме да видиме заматени слики од опремената која лета. Како што соопшти нејзиното семејство, таа направила погрешен чекор и тоа било доволно за да замине од овој свет. Интересно е тоа што се наведува дека таа и работела како оператор на кран, но нејзиното семејство додава дека таа не снимала видеа во текот на работното време.
Дека тоа е точно говори и фактот што од кранот паднала околу 17:40 часот по локално време, кога останатите работници веќе си биле заминати дома. Како што се наведува, таа е пронајдена со телефонот во рака. Ксијао имала само 23 години, а зад себе оставила и две деца. За жал, секое снимање автоматски не прави помалку внимателни и свесни за своето окружување, што доведува до трагични последици. Затоа, водете сметка за сѐ.