Трагичната смрт на преубавата 22-годишна инфлуенсерка: Напишала весела порака, а неколку часа подоцна починала

Трагичната смрт на преубавата 22-годишна инфлуенсерка: Напишала весела порака, а неколку часа подоцна починала

Објавена во: Живот // Живот

Младата бразилска инфлуенсерка Жулија Ханеси Кајуел (22) починала во сообраќајна несреќа и тоа само неколку часа откако на својот Инстаграм профил објавила фотографија со сопругот Даниел Кајуел и порака:

„Животот е краток, ајде да лудуваме - јас, ти, Бог и патот“.

Жулија била на патување со мотор со сопругот Даниел во четвртокот, кога се случила несреќата на патот во Сао Жозе дос Пињаис, на југот од Бразил. Даниел е тешко повреден и моментално е на интензивна нега. Полицијата кажала дека камион го поминувал патот кога двојката удрила во неговата страна.

По несреќата, Жулија била префрлена со хеликоптер во болницата во Куритиби во критична состојба, каде починала подоцна на одделението за интензивна нега.

Даниел е во истата болница на Универзитетот Кажур.

Како што пренесуваат странските медиуми, Даниел сѐ уште не знае дека неговата сопруга починала и дека неговото семејство наводно ѝ дало дозвола на болницата да го информира само за тоа дека е хоспитализиран поради неопходен третман. Жулија е погребана во саботата во државата Минас Жераис, од каде што е двојката.

Жулија и Даниел заедно биле седум години. Таа посетувала курсеви за козметичарка, а со своите 329.000 следбеници на Инстаграм во една прилика сподели и дека останала без татко кога имала само 3 години, како и дека тој починал во несреќа со мотор.

Младата двојка била во брак 4 години и заедно ја делеле љубовта кон мотоциклите. Објавувале фотографии и планови за своите патувања низ Бразил, па така било и на денот на несреќата. Планирале да отпатуваат во Сао Пауло, Парана и Санта Катерина.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: