Траумите од минатото ѝ го уништиле бракот: Детството на принцезата Дајана
Во документарецот „Diana - Story Of A Princess“ се наведува дека за време на бракот пријателите на Чарлс зборува дека принцезата има психички проблеми поради траумите од детството. Имено, кога имала седум години, нејзините родители се развеле, а старателството го добил нејзиниот татко.
Пени Џуниор, авторката на биографијата за покојната принцеза, исто така во споменатиот документарец ги изнесе тврдењата дека Дајана во врската со принцот влегла со психички проблеми кои подоцна кулминирале со депресија и булимија.
Разводот на нејзините родители наводно бил еднакво драматичен како и нејзиниот развод, а родителите на Дајана по разводот скоро па и не разговарале. Нејзиниот татко повторно се оженил по неколку години, а таа тоа тешко го поднела.
„Имала несреќно детство и самата влезе во еднакво несреќен брак“ - вели Џуниор.
Принцезата Дајана била „идеална девојка за принцот Чарлс“ во тој период. Била ќерка на англиски гроф, имала 19 години и немала дечко пред принцот.
Иако почетокот на нивниот брак изгледал како бајка, принцезата пдооцна самата признала дека истиот бил пекол од првиот ден и дека за време на првите години на животот со Чарлс боледувала од булимија и депресија. Неколку пати се обидела и да се убие.