Третата сезона од серијата „Еуфорија“ ни носи големо изненадување: Костимографката откри што нè очекува (ФОТО)
Ова не го очекувавме - 2024 година одеднаш ни звучи толку далеку...
Костимографката на популарната серија за тинејџери, Хајди Бивенс, неодамна во интервју за „Вог“ откри детали за заплетот на третата сезона.
Серијата би требало да започне со временски скок во иднина, односно сите ликови да имаат веќе завршено средно училиште.
Бивенс го опиша овој потег кон иднината како „целосно патување за публиката“.
„Ќе направам сѐ што можам третата сезона од серијата да биде успешна. Навистина сум возбудена што ги читам сценаријата. Се зборува дека дејството ќе биде пет години во иднина и дека тие повеќе нема да бидат во средно училиште“ - кажа Бивенс во интервјуто.
Ваквиот заплет изгледа логичен, бидејќи не беше јасно како некои ликови ќе бидат елиминирани од серијата. На пример, актерката Барби Фереира, која ја глумеше Кет, веќе откри дека нема да се врати во третата сезона. Со временска разлика од 5 години режисерите ќе можат да го оправдаат нејзиното заминување од серијата.
Освен тоа, актерите конечно ќе се приближат до возраста на своите ликови. Зендаја, која ја глумеше 16-годишната девојка, веќе има 26 години. Сиднеј Свини има 25, а Алекса Деми 32.
Третата сезона од серијата започнува со снимање во јуни, а продолженијата ќе бидат објавени дури во 2024 година, па сите мора да бидеме трпеливи.
Ако гласините се вистинити, оваа серија ќе се фокусира на студентскиот живот, изборот на кариера и транзицијата кон зрелоста наместо да прикажува проблеми на тинејџери.
фото: Принтскрин / Инстаграм