Трик кој ја оживува тенката коса за 10 минути: За фризура полна волумен испробајте ги самолепливите витлери кои го преплавија ТикТок (ВИДЕО)

Трик кој ја оживува тенката коса за 10 минути: За фризура полна волумен испробајте ги самолепливите витлери кои го преплавија ТикТок (ВИДЕО)

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Украдете витлери од мајка ви или баба ви и уживајте во фризура полна волумен...

Долгата и тенка коса е вистински кошмар за жените. Популарната фенирана фризура, која се носеше во 70-тите е повторно ИН, а благодарение на ТикТок доби и ново име - „bombshell look“.

Вистина е дека и дома можете да постигнете таков ефект со помош на витлери кои сè се популарни, бидејќи не ја оштетуваат косата, но за ефектен волумен потребно е да научите како правилно да ги користите.

Алатката која ви е потребна за постигнување волумен е малку ретро. Станува збор за самолепливите витлери кои ги имаат користено нашите баби и мајки, и логично е дека за овој трик ќе ви биде потребно малку повеќе време. Многу девојки кои некогаш ја испробале оваа метода може да се сложат дека ретко што може да го надмине волуменот кој го даваат самолепливите витлери. Правилно прицврстени на своето место, неколкуте самолепливи витлери во косата по сушењето и малку време е сè што ви е потребно за сами да ја направите оваа ТикТок фенирана фризура.

За да не погрешите, во продолжение погледнете го видеото од кои може да научите како да ја постигнете оваа фризура:

@lizzi.mov Reply to @demipemi hope this helps!!  #velcrorollers #hairtutorial #howto Wii - Mii Channel - Super Guitar Bros

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: