Трик кој сигурно ќе ви биде од корист: Како без перење да ја отстраните белата линија на маицата од дезодоранс?
Сите сме нервозни кога ќе ни се случи ова...
Секогаш си велиме дека ќе почекаме да ни се исуши дезодорансот, па потоа да ја облечеме маицата или ќе ја облечеме пред да ставиме дезодоранс, но некако, секогаш забораваме на тоа и правиме грешка. И потоа, на црната маица ни остануваат бели траги.
Сега тоа повеќе не е проблем, но сите се прашуваат каде бил сите овие години? Потребен беше многу одамна. Иако се обидуваме да внимаваме, некогаш сепак ни се случува да успееме да ја извалкаме маицата со дезодоранс додека ја облекуваме. Некогаш не внимаваме, а некогаш сме во брзање и не размислуваме што правиме.
Белите траги од дезодорансот се една од најиритантните работи кои може да се случат кога се подготвуваш за некаде. Како да е невозможна мисија да ги отстраниш од облеката. Затоа кога налетавме на овој трик, останавме изненадени колку е всушност лесно да се отстрани таква дамка, само треба да знаеш со што.
@user694298901 Answer @im_siowei Cheers - New Rules
Оваа девојка стана вирална кога го сподели овој трик. Дамките од дезодорансот ги снемува, доколку добро ги истриеш со чорап. Може ли да биде поедноставно? Кој би се сетил на ова? Изгледа дека овој трик навистина функционира, само треба брзо да триеш горе-доле по дамката. Чорапи сигурно секогаш имам покрај себе, па можеш без проблем да ги исчистиш трагите од дезодоранс. И, секако - чорапите мора да бидат чисти.
фото: Принтскрин / ТикТок