Трик за кој многумина не знаат: Како на WhatsApp да прочиташ цела порака без да ја отвориш?
Трик за ситуации во кои не сакаш да ја отвориш пораката, но сакаш да ја прочиташ...
Наместо да мораш да го отвориш разговорот за да ја прочиташ пораката, што некогаш не е она што го сакаш, вака ќе избегнеш отварање на апликацијата, а воедно целосно ќе ја прочиташ пораката.
Не сакаме личноста да ја оставиме на „seen“, но сакаме да видиме што ни напишала. Кога поракта е кратка тоа без проблем можеш да го видиш и во известувањата. Но, некогаш пораката е предолга и не можеме да ја видиме цела или станува збор за групен разговор и не можеме да ги видиме сите нови пораки. Едноставно во тој момент или не сакаме или не стигнуваме да ја отвориме пораката или не сакаме другата личност да знае дека сме ја виделе поракта. Или едноставно сакаме да ја видиме пораката и потоа во мир и без стрес да размислиме што да одговориме.
Како да се избегне отварањето на пораката на WhatsApp? Постојат неколку опции, а оваа новата која е сега откриена, можеби е наједноставна. Важи само за корисниците на Андроид, а оние кои имаат iPhone за жал нема да може да го направат ова.
На екранот треба да притиснете и да задржите додека не се отворат поставките на екранот. Таму треба да ја пронајдете опцијата „Widgets“ и да го пронајдете графичкиот елемент „4х1 WhatsApp“. Со кратко задржување на прстот, виџетот ќе се префрли на вашата позадина. Кога ќе примите порака, само треба да го држите виџетот долго време, за да се зголеми пораката и да можете да ја видите во целост и на тој начин да ја прочитате пораката. Само треба да внимавате да не допрете, бидејќи во тој случај пораката ќе се отвори нормално. Значи, само држете, не тапкајте.
фото: unsplash.com