Трудничкото стомаче го стави во прв план: Антониа Гиговска во розова сантенска кошула идеална за секоја пригода (ФОТО)

Трудничкото стомаче го стави во прв план: Антониа Гиговска во розова сантенска кошула идеална за секоја пригода (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Буквално блеска...

Откако ја својот 22-ри роденден, младата пејачката Антониа Гиговска сподели дека е во блажена состојба и дека ќе застане на лудиот камен со нејзиот партнер, Роберт Спасенцовски, медиумите и нејзините обожаватели не престануваат да го следат секој нејзин чекор.

Сега, сите ја коментираат нејзината нова модна комбинација, преку која во прв план го стави трудничкото стомаче. Имено, Антониа на Инстаграм стори сподели кратко видео во кое го покажа што носи за време на бременоста, а комбинацијата за која одбра е навистина одличен избор за секоја прилика.

Имено, пејачката на себе носи црни хеланки, а главната улога во нејзината комбинација ја игра розовата сантенска кошула, која пејачката ја има врзано на струкот. Со ова, трудничкото стомаче го стави во прв план. Целиот изглед го заокружи со златниот ланец, кој само се надоврзува во целата приказна.

Мора да признаеме дека бременоста добро ѝ годи, и дека изгледа подобро од било кога. Овој факт можеме да го препишеме и тоа што Антониа и за време на бременоста вниманава на својата линија.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: