Твоето момче не се бакнува убаво: Ова се неколку работи што треба да ги направиш!
Никој не сака да се бакнува со некој кој не знае да го прави тоа. Секако, секогаш постои начин на кој можеш да го научиш или да му го кажеш тоа. Ти даваме 6 начини што да направиш, доколку твоето момче не знае да се бакнува.
# Води го ти – момчето е она што го води бакнувањето, исто како и танцот. Но, доколку сметаш дека нема доволно искуство, можеби доколку ти го земеш кормилото во своите раце се ќе биде подобро.
# Играј игра – доколку учењето не поминало добро, пробај да направиш романтична игра, менување на улогите.
# Направете пауза – еден од најголемите проблеми е кога ќе останете без здив. Доколку твоето момче не знае како, ти биди таа која на кратко ќе се оддалечи.
# Забави малку – додека се бакнувате можеби тој ќе почне пребрзо бидејќи е возбуден и заљубен, а тоа е најчесто причината за лош бакнеж. Држи ја контролата и кажи му да не брза.
# Направи шега од тоа – најдобро е во незгодна ситуација да направиш шега, но секако дека биде слатка, а не како навреда. Можеби тогаш конечно ќе сфати.
# Биди искрена – доколку веќе имаш пробано се, време е да бидеш искрена со него. Разговарајте за бакнувањето и тогаш, секако, вежбајте.