Тврди дека не јаде месо, а потоа се дави во бургери кога никој не ја гледа: Обожавателите бесни на Ким Кардашијан која ужива во брза храна
Ким Кардашијан својата линија ја доведе до совршенство, а за тоа, како што самата истакна, е заслужен посебниот режим на исхрана претежно базирана на зеленчук.
Брзата храна е големо НЕ, а оваа Кардашијанка е позанта и потоа дека на децата им забранува да се хранат нездраво, а има и неколку готвачи кои се тука да им ги подготвуваат најдобрите оброци.
Меѓутоа, дека и таа е само личност од крв и месо покажа во последните фотографија кога папараците ја уловија додека јаде бургер од познатиот американски ланец за брза храна.
Тоа немаше да биде чудно доколку Ким не пропагираше веганска исхрана веќе подолго време и да не апелираше на обожавателите да не јадат месо. Дури и на својот профил презентираше вегански бургери кои наводно имаат вкус како да се правени со месо, иако се направени од зеленчуци и билки.
Секако, фотографиите ги преплавија социјалните мрежи со брзина на светлината, а многумина поради сето тоа беа бесни.
Kim Kardashian scarfs down a burger from fast-food chain Jack in the Box https://t.co/xUnmmwMRO7
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) July 29, 2021
„Доколку веќе се изјасни дека си веган, тогаш биди веган“, „Нема ден за мамење кога си веган“, „Ова просто не е во ред“, „Ким, јади што сакаш, само немој на нас да ни држиш предавања“, „Тврди дека јаде месо, а потоа се дави во бургери кога мисли дека никој не ја гледа“ - се само некои од коментарите кои нејзините обожаватели ги пишуваа на социјалните мрежи, очигледно незадоволно од постапката на Ким.
фото: IXOLA / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA