Убав гест на средношколци од Загреб: На малиот одмор му помогнале на возач во неволја

Убав гест на средношколци од Загреб: На малиот одмор му помогнале на возач во неволја

Објавена во: Совети // School zone

Прекрасна приказна...

Сите кои упорно зборуваат дека младите денес се безобразни и непристојни - оваа снимка го докажува спротивното. Младата генерација навистина има добро срце, а средношколци од едно средно училиште од Загреб ги воодушевија сите со убавиот гест.

Трговско-индустриското градежно училиште од Загреб морало да ги пофали своите ученици, но тоа е одлично, бидејќи таквите гестови секогаш заслужуваат пофалба. Тие покажуваа дека младите не се толку груби како што понекогаш ги оценуваат дека се. Овие момчиња го направиле своето училиште гордо. 

Кога на среде пат му пукнало јажето на возачот на комбе кое ги држело работите што ги превезувал, учениците биле на мал одмор, виделе и притрчале да помогнат. Се организирале со молскавична брзина и му помогнале на возачот. Тој сакал да им плати, но момчињата го одбиле, со што го направиле овој гест уште поубав.


Ви го пренесуваме целото соопштение на училиштето: „Ги имаме најдобрите деца во градот! На авенијата Вечеслав Хољевац пукна јажето на возачот што го држеше материјалот на комбето, по што сѐ беше растурено на улицата. За тоа време нашите момци од III-a, беа на мал одмор и штом видоа што се случи дојдоа да помогнат, извадија триаголник за да не дојде до сообраќајна незгода и помогнаа да се товарат назад. Возачот сакал да им даде пари, да им плати за работата, но тие го одбија тоа, бидејќи сметаа дека тоа е хуман чин и дека не е во ред да се земат пари за нешто што секој треба да го направи кога види дека некој е во неволја. Ние сме горди на вас момци.“

фото: Принскрин / Фејсбук

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: