Убавица во автомобил: Мартија Станојковиќ доби возачка дозвола (ФОТО)
Сега е активен учесник во сообраќајот...
Младата пејачката Мартија Станојковиќ е една од младите пејачки која си го обезбеди своето место на македонското естрадно небо. Јавноста ја запозна во музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“, а денес со своите 18 години, полека, но сигурно ја создава својата музичка кариера.
Како и сите млади луѓе, и таа е активна на социјалните мрежи, иако не споделува често детали од приватниот живот. Тоа задоволство им го препушта на своите најсакани, а кога се некои важни моменти од животот на Мартија во прашање, јавноста секогаш е информирана од страна на нејзината мајка Снежана.
Така, сега, гордата мајка сподели видео на Инстаграм во кое откри дека пејачката веќе е активен учесник во сообраќајот и дека положила за кола. Не се знае точно кога го завршила ова, но знаеме дека сега таа ја вози својата мајка.
фото: Принтскрин / Инстаграм