Ученичка од осмо одделение нападна наставничка по веронаука среде час: Ја влечела и туркала, па ја удрила од вратата во училницата
Прво дошло до вербален конфликт помеѓу наставничката и ученичката...
Наставничката по веронаука А.И. (44) од едно училиште во Белград е повредена кога вчера, среде часот, била нападната од страна на ученичка од осмо одделение, пишуваат српските медиуми.
Според информациите кои ги има „Телеграф“, најпрво дошло до вербален конфликт помеѓу наставничката и ученичката.
Потоа ученичката ја фатала наставничката за рака и почнала да ја турка и влече, а потоа ја удрила од вратата во училницата.
Лекарска помош на наставничката ѝ била укажана на Ургентниот центар, каде ѝ биле констатирани лесни телесни повреди.