Учествуваат и сестрите Ди Амелио: Селена Гомез и Давид Хенри ја најавија премиерата на филмот

Учествуваат и сестрите Ди Амелио: Селена Гомез и Давид Хенри ја најавија премиерата на филмот

Објавена во: Stars // Филм

Селена Гомез се враќа на малите екрани - како готвачка, но и како продуцент. Вчера на Јутјуб се појави необично видео - имено, Селена Гомез се обединила со колегата од серијата „Wizards of Waverly Place“, Давид Хенри и го најави возбудливиот проект на кој тие двајца работеле - првиот филм чија премиера ќе биде одржана онлајн!

Филмот „This Is The Year“, кој е прво режисерко остварување на Давид, а Селена е еден од продуцентите, својата премиера ќе ја има на 28 август, за која двајцата нагласија дека ќе биде одржана онлајн, што значи дека и ние можеме да присуствуваме. Картата се наплаќа, но ви носи и можност да учествувате во „Q&A“ кои ќе ги водат познатите ТикТок сестри Чарли и Дикси Ди Амелио. 


„Со целото лудило кое се случува во светот, ни треба некој добар филм“ - вели Селена во видеото. Своите карти може да ги купите на СЛЕДНИОТ ЛИНК, а средствата од продажбата на картите одат во посебен фонд за борба против вирусот Ковид - 19. 

Ќе бидете ли дел од оваа премиера?


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: