Удобното е ИН: Oversize фустанчиња кои ќе ги обожавате оваа сезона!
Овие фустанчиња одговараат на секој облик на тело!
Со враќањето на широките панталони, огромните маички, фустанчињата кои ја следат силуетата на телото заминуваат во заборав.
Да и удобноста може да биде ИН, а тоа го докажуваат сите наведени комбинации, но и овој медел на фустанчиња стана вистински моден хит кој ќе го гледате насекаде ова лето. Станува збор за т.н. „грозни“ фустани кои по кројот потсетуваат на ноќниците на вашите баби, а ги красат широки надувани ракави и крој кој одговара на секоја фигура на тело.