Уки Ку по операцијата во Турција ја покажа сметката: Без 10.000 евра не можела ни да тргне по нов нос (ФОТО)
Самата операција чинела 7.000 евра, но морала да плати многу повеќе...
Инфлуенсерката најпозната по псевдонимот Уки Ку неодамна замина за Турција, за да направи операција на носот. Задоволна е од резултатите и сега само го чека денот кога ќе може да ги тргне завоите.
И во овој период е активна на социјалните мрежи, каде им одговара на своите обожаватели на прашањата кои ѝ ги поставуваат. Бидејќи многумина беа заинтересирани за цената, таа реши да ја „покрие“ и таа тема, поради што на многу од нејзините следбеници им се заврте во главата. Имено, на следбениците им даде до знаење дека без околу 10.000 евра не можела да тргне на ова „патување“.
„Нос 7.000 евра. Авионски карти околу 200 евра по личност, повратни, плус доплата за багажот. Сместувањето околу 800 евра за две личности, со појадок. Сега, не знам, тоа зависи од хотел до хотел. Морате да дојдете 2 дена порано и да останете уште минимум една недела по операцијата“ - напиша таа, па додаде:
„Лековите околу 25 евра, ковид тест и тестови пред операцијата 100 евра, плус „џепарлак“ за трошење додека сте тука“.
фото: Принтскрин / Инстаграм