Улоги поради кои денес се срамат: Познатите актери открија кои филмови сакаат да бидат заборавени

Улоги поради кои денес се срамат: Познатите актери открија кои филмови сакаат да бидат заборавени

Објавена во: Stars // Филм

Посакуваат никогаш да не им се случиле...

Сите имаме некоја грешка во животот од која се срамиме и која посакуваме никогаш да не се случила и секако, која сакаме да ја избришеме до сеќавањата. Така е и со актерите и некои нивни улоги. Само што тие имаат проблем и не можат толку лесно да ги заборават улогите од кои се срамат.

Во младоста и на почетокот на кариерата најчесто прифаќаат улоги за кои подоцна се каат. Сигурно секој актер има една улога која со задоволство би ја заборавил. Без разлика дали тоа за некој е погрешен лик, снимање кое не поминало добро или крајниот резултат не испаднал онаков каков што очекувал. На најдобрите им се случува да изберат погрешна улога, но сега не можат да направат ништо. 

Некои актери признаа од кои улоги се срамат и кои би сакале никогаш да не им се случиле, пишува „Vogue“. За некои е разбирливо што се срамат од нив, бидејќи не им биле најдобри во кариерата.

# Вил Смит

Го глумеше Луцифер во филмот „A Winter's Tale“, кој собра многу лоши критики. Иако Вил во него се појавува на 2 минути, и тоа е премногу. Со задоволство би сакал да не го направел тоа.

# Анџелина Џоли

Анџелина обично глуми во добри филмови кои на крајот имаат супер оценки и одлична гледаност, но со еден погреши, а тоа е „Cyborg 2“. И самата актерка се согласи дека е катастрофа.


# Леонардо Ди Каприо

Во младоста, Лео глумеше во филмот „Critters 3“, кој е апсолутно промашување. Дури ниту неговиот талент не успеа да ја спаси ситуацијата.

# Џенифер Лоренс 

Филмот „The Beaver“ во кој глумеше со Мел Гибсон не е еден од филмовите кој Лоренс сака луѓето да го паметат, бидејќи едноставно е лош.

# Бијонсе

Во филмската индустрија, првпат се појави во 2002 година, со улога во филмот „Austin Pover in Goldmember“ и тоа е улога на која не се сеќава со задоволство.


# Кол и Дилан Спроус

Браќата почнаа да глумат уште кога беа деца, а бидејќи биле мали и близнаци, во тоа време и двајцата глумеле една иста улога. Во филмот „I Saw Mommy Kissing Santa Clause“ исто така глумеа и двајцата, но сега би сакале да не го направиле тоа, бидејќи тој филм е вистинско промашување.

# Бред Пит

Дури и легенда како Бред Пит има улоги од кои го боли глава кога ќе се сети. Неговата најсрамна улога која сака да се заборави е во филмот „The Devil's Own“.

# Ченинг Тејтум

Неговата улога која сака со сите сили да ја заборави е онаа во филмот „G.I.Joe: Rise of the Cobra“. Овој филм не му се допаднал на актерот уште на почетокот и не сакал да го снима, но бил под договор со „Paramount“ и немал избор, едноставно морал.


# Мила Кунис

Сите ја знаат по улогата на Џеки во „That '70s Show“, но нејзината најлоша улога ѝ се случи во 2007 година, во филмот „Moving McAllister“.

# Блејк Лајвли

Омилената озборувачка во 2006 година глумеше во хоророт „Simon Says“, филм кој е толку лош што никој не го памети. За среќа на Блејк, бидејќи ниту таа не сака да се сеќава на него.

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: