Уметност без грам голотија: Џејла со минимална шминка и закопчана до грло во новиот спот (ВИДЕО)

Уметност без грам голотија: Џејла со минимална шминка и закопчана до грло во новиот спот (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Стави крај на двегодишната музичка пауза...

Младата пејчка Џејла Рамовиќ, која пред три години победи во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, денес го објави својот нов сингл, кој носи назив „Спарта“.

Рамовиќ песната ја најави неколку дена порано на својот Инстаграм профил, со најавната фотографија, а во коментари многу нејзини обожаватели напишаа дека едвај ја чекаат премиерата.


„Спарта“ е објавена на нејзиниот Јутјуб канал, а истата за само неколку часа доби безброј позитивни коментари.

„Оваа песна е доказ колку оваа девојка гледа напред и не се навраќа на аферите кои ѝ ги препишуваа луѓето, кои никогаш нема да направат ништо во нивниот живот, особено не она што таа го направи. Песната е нешто најдобро што излезе оваа година“, „Закопчана до грло, минимално нашминкана, а толку преубава. Браво девојко“, „Се наежив од нејзината убавина, од песната, од фактот што вакво нешто уште постои на естрадата. Мелем за очи и уши“ - се само дел од позитивните коментари под видеото.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: