УНИЦЕФ Србија се огласи по повод скандалозните изјави на Дуа Липа

УНИЦЕФ Србија се огласи по повод скандалозните изјави на Дуа Липа

Објавена во: Stars // Музика

Дуа Липа деновиве е во центарот на вниманието, таа со своите изјави успеа да го налути регионот, а и светот.

Имено пејачката Дуа Липа (24) се пожали затоа што „Епл“ во својата апликација „Епл мапс“ покажува дека Косово и Метохија се составен дел на Србија.

Таа исто така објави фотографија од „Голема Албанија“, која го налути регионот.
Дуа се претставуваше и како амбасадор на УНИЦЕФ, а на официјалниот профил на Инстаграм на српскиот УНИЦЕФ, организацијата се огласи по повод изјавите на пејачката.

УНИЦЕФ Србија посочи дека Дуа не е нивен амбасадор и дека „не ги поддржуваат ставовите што таа ги искажува“.

- Драги пријатели, ви благодариме што го истакнавте постот на пејачката Дуа Липа. Би сакале да ве известиме дека Дуа Липа не е амбасадор на УНИЦЕФ и нејзините изјави не се изјави во име на УНИЦЕФ. Како и многу други, таа ја поддржуваше нашата работа за деца, за што сме благодарни. Ставовите што таа ги презентира се нејзини, а УНИЦЕФ не ги поддржува - се наведува во огласот.

Сепак, главната страница на УНИЦЕФ, која има 6 милиони следбеници на Инстаграм и 8,3 милиони на Твитер, досега молчеше на објавите на Дуа.

Имено, Дуа првпат покажа двоглав орел, кој ја симболизира „Голема Албанија“, што ги воодушеви своите фанови во Приштина, но налути многу други. Покрај Дуа, пејачката Рита Ора, исто така гордо го потенцира нејзиното албанско потекло. 

Српските јавни личности јавно ја осудија Липа, а врз основа на анализите направени од некои светски медиуми за албански пејачи кои направија одлични кариери, некои од јавните личности ја поддржуваат и теоријата дека Албанија стои зад секој од нив (Дуа, Рита,..), според која теорија, целта е само една - да се промовира во светот, со силно влијание, она што им одговара на нивниот народ.

извор:telegraf.rs

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: