Урнебесен моден „камбек“: Дизајнерите го враќаат духот на диско ерата

Урнебесен моден „камбек“: Дизајнерите го враќаат духот на диско ерата

Објавена во: Мода // Must have

Правилото кое важи за оваа сезона е: „Колку посветкаво, толку подобро“.

Оваа сезона беше проследена со огромен „камбек“ на трендовите од 90-тите години од минатиот век, додека сега на ред не чека нешто поразлично. Дизајнерите се одлучија низ своите креации да го оживеат духот на 70-тите години, време кое е познато како диско ера.

Ова означува само едно, светкавите, откачени и бесни модни парчиња ќе бидат голем хит.

Многу дизајнери ги претставија своите колекции и мора да признаеме дека нивните парчиња во најмала рака се интересни. Доколку сакате да се движите и функционирате помеѓу поголема маса на луѓе, а воедно ви одговара кога им го привлекувате вниманието на другите, тогаш несомнено ќе го обожавате овој стил.

Светкавите фустани, панталони и сакоа ќе почнете да ги гледате уште од првите есенски денови, како и предимензионалните крзна во силни бои.


Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: