Урнебесно: Џастин Бибер „носи“ долна облека од колекцијата „SKIMS“ на Ким Кардашијан
Сопругата на Џастин Бибер, Хејли, неодамна ни навести дека конечно е подготвена за деца, а пејачот сега ни навести дека му се допаѓа женска долна облека. Имено, за време на поставувањето на билбордот за новиот моден бренд на Џастин, тимот го остави претходниот кој беше реклама за колекцијата „SKIMS“ на Ким Кардашијан. Малку е доколку кажеме дека настанал вистински хаос.
Во понеделникот тимот за поставување билборди во Лос Анџелес започна со монтирање на еден од „Balenciaga“ моделите на Џастин Бибер. Сепак, додека горниот дел од билборот го покажуваше лицето и телото до половина на Џастин, долниот дел прикажуваше женски нозе кои ја рекламираат долната облека „SKIMS“. Овие две фотографии скоро совршено се поклопија, па испадна како нозете да се на Џастин.
IM SO SORRY FOR LAUGHING BUT THIS IS WAY TOO FUNNY pic.twitter.com/U6IyG9c4LC
— nazlı ARNA DAY!!! (@bloodlinegrandw) August 31, 2021
Оваа фотографија со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи, а дури и неколку познати личности се насмеаја на ова, вклучувајќи го Џејкоб Елорди кој ја сподели фотографијата од билбордот на стори на Инстаграм.