Уште едно чудо во Турција: Момче по 260 часа извлечено од урнатините во Хатај
Уште едно чудо се случи во Турција откако 12-годишно момче
беше спасено од урнатините на зграда во Антакија, во провинцијата Хатај, дури 260 часа по
разорниот земјотрес што во понеделникот минатата недела ги погоди јужните
турски провинции.
Екипите за пребарување и спасување го извлекоа момчето Осман Халебија, странски државјанин, од под урнатините на зграда во квартот Екинци, јавува Анадолија.
Момчето било живо извлечено од урнатините по 260 часа, односно речиси единаесет дена по разорниот земјотрес.
По спасувачката акција малото момче со возило на брза помош било пренесено во болница. Спасувачките екипи веќе 11 дена работат на пребарување и спасување на луѓето под урнатините, јавува Ослобоџење.
Фото: Youtube - screenshoot