Уште немате план за Денот на вљубените? 10 идеи за љубовен состак кои ќе успеете да ги организирате

Уште немате план за Денот на вљубените? 10 идеи за љубовен состак кои ќе успеете да ги организирате

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Дури и ако уште немате планови, не е доцна за да испланирате нешто...

Денес е Денот на вљубените! Крајно време е да смислите како ќе го поминете. Колку и да имате (или во случајов немате) време, денес сигурно може да најдете време за еден љубовен состанок. Прашање е само каде отидете?

Можеби немаш време за да организираш нешто големо, но каков и да е состанок, ако ве вклучува вас двајца и малку романтика може да биде идеален. Ќе се забавувате, а на каков состанок ќе отидете, зависи од вас и од тоа каква двојка сте. Повелете неколку совети од нас:

# Во кино на „Титаник“

Во кино се вратија проекциите на „Титаник“. Го има токму овие денови, околу денот на вљубените, што е идеална опција ако сте љубител на филмови, а особено на овој класик. Романтичен филм + кино, тоа е стандарден состанок кој секогаш е добар избор ако немате некоја подобра идеја.

via GIPHY

# Пикник или филмска проекција во соба

Всушност дури не ни мора да одите до кино за да имате филмска вечер за Денот на вљубитени, бидејќи тоа може да си го организирате и дома. Можеш малку да ја уредиш собата и да ѝ додадеш романтика, на подот да постелеш ќебиња, да ставиш перничиња и да направиш романтична пикник атмосфера. Пушти го вашиот омилен филм или некој што го зборувате подого време.

# Пица или ќебапи

Еден типичен состанок за Денот на вљубените е да одите некаде да јадете, а вие можете да го направите на свој начин. Одете на некое место каде ја има вашата омилена храна. Некои ресторани на овој ден имаат и посебно романтична атмосфера. Иако е типичен состанок, не мора да значи дека поради тоа ќе биде лош или здодевен.

via GIPHY

# Забава

Некои двојка сепак не се толку романтични и не сакаат никакви слатки атмосфери, што е океј. Но, тоа не значи дека не треба да одат на состанок. Зошто да не одат на забава и добро да се забавуваат? Наздравете за вашата врска и забавувајте се.

# Крофни или колач во слаткарница

Уште една опција која вклучува храна е да одите и да јадете нешто благо. Тоа е поромантично од ќебапи, ако романтиката е она што го бараш. Особено ако и двајцата имате обврски и немате многу време. Ова е начин како на отј ден да се посветите еден на друг и кога сте во гужва.

via GIPHY

# Escape Room

За двојките кои се подготвени за авантура, состанокот може да биде и одење во Escape Room. Не гарантираме дека нема да се скарате, бидејќи сѐ е можно, но сигурно добро ќе се забавувате и тој состанок ќе ви остане во сеќавање.

# Вечер за друштвени игри

Монопол, Не лути се човеку или карти, каква друштвена игра и да имаш, извлечи ја и забавувајте се за Денот на вљубените. Не мора состанок да ви биде романтичен како од филм. Важно е да ви биде забавно, а друштвените игри се секогаш добра идеја.

via GIPHY

# Гледање на зајдисонцето

Одете на некој видиковец или само некое место во вашиот град кое има убав поглед и уживајте во зајдисонцето. Земете ќебе, благо и нешто за пиење и смрзнете се малку во романтична атмосфера.

# Испланирајте „double date“

Оние кои се во добри односи со уште некоја двојка може да организираат и „double date“. Нешто забавно како куглање или само одете на пиење или јадење. 

via GIPHY

# Рекреирајте го својот прв состанок

Може да бидете и малку носталгични, па рекрирајте го првиот состанок. Сите секогаш се сеќаваат на првиот состанок кој го имале, а дури и да не можеш да го рекреираш идентично, организирај го на најсличниот можен начин. Ќе испадне одлично.

фото: unsplash.com

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: