Усните ги претвора во уметност: Со шминка прави вистински ремек дела
Андреа Рид од Канада е шминкерка и модел која своите усни ги претвора во шарени ремек дела. Вели дека тие се платно што бара многу и дека обично ѝ се потребни од три до шест часа да заврши еден дизајн.
Усните дефинитивно се едни од малите детали што ги привлекуваат луѓето. А, една девојка ги прави уште попосебни. Андреа Рид од Канада е шминкерка и модел која своите усни ги претвора во шарени ремек дела. Уметноста и шминката отсекогаш биле две најголеми љубови за неа.
„Уште од дете сакав да се занимавам со уметност, а исто така ја обожувам и шминката, па затоа решив да ги искомбинирам двете. Бидејќи усните се помало и попредизвикувачко платно, сакав да пробам. На луѓето навистина им се допадна оваа уметност, па јас се задржав на тоа“ - рече таа.
Своите дизајни обично првенствено ги црта на хартија.
„Апликацијата обично трае околу еден час, а фотографирањето може да трае помеѓу 15 минути и еден час. Потоа обработката на фотографии и пост-производството траат од еден до четири часа. Вкупно потребни се од три до шест часа“ - објасни Андреа.
Усните не се воопшто лесни за употреба како платно и ова е еден од најголемите предизвици во уметноста за Андреа.
„Усните се многу мала област за работа и не се совршено мазно платно. Друг предизвик е тоа што се обидувам воопшто да не ги затворам усните, се обидувам да се смеам, да разговарам или нешто слично“ - додаде таа.
Покрај шминка, обожава и животни, па слика и портрети на животни, а на Инстаграм има над 300.000 следбеници, пишува Bored Panda.
Во продолжение погледнете неколку од нејзини ремек дела: