Успешно сениорско деби на силните Таеквондо Г1 турнири: 17 - годишната Мила Рељиќ забележува успеси во Истанбул

Успешно сениорско деби на силните Таеквондо Г1 турнири: 17 - годишната Мила Рељиќ забележува успеси во Истанбул

Мила Рељиќ од Таеквондо Клуб Тигри-Скопје имаше успешно сениорско деби на силните Таеквондо Г1 турнири...

Успешната таеквондистка Мила Рељиќ оваа година иако има 17 години, календарски се бори во сениорска конкуренција. На натпреварот во Истанбул, има близу 1.500 натпреварувачи од над 50 земји. 

Во својата категорија сениорки - 62 килограми, Мила Рељиќ ја забележа дебитанстката сениорска победа и тоа против домашната натпреварувачка со 19:15. Во следното коло Мила се бореше против една од носителките за овој турнир, искусната 24 - годишна Марта Гомез од Шпанија, која е поранешна светска и европска вицешампионка и моментално на високата 4 ранг позиција на светската листа. Мила храбро и пркосаше до последна секунди во сите рунди, загуби со 10:6. 

„Ова е одличен старт за сениорските натпревари за Мила“ - вели нејзиниот тренер Александар Ефтимов. Милијана влегува без ранкинг на овие турнири организирани од Европската Таеквондо Федерација кои се бодиваат за светската и олимписката ранг листа и уште во првите кола влегува во коштец со најдобрите од нејзината категорија како што беше и изминатиот викенд во Софија каде уште во првото коло се бореше со одличната Серџа Стевиќ од Србија.

Овие два турнири се првите Европски Г1 турнири организирани после 1 година пауза, поради коронавирусот. 

„Со Мила напорно тренираме, желбата и талентот се огомни, се надеваме на успешни резултати во иднина. За помалку од еден месец не чека Европското Сениорско Првенство.“ - исткана нејзиниот тренер. 


Можеби ќе ве интересира: