Ужас во градинка: Воспитувачка по грешка му дала на девојче да испие средство за дезинфекција

Ужас во градинка: Воспитувачка по грешка му дала на девојче да испие средство за дезинфекција

Објавена во: Совети // School zone

2 - годишно девојче од Крагујевац, Србија се отровило откако испило средство за дезинфекција - асепсол. Хемикалијата била во шишенце со налепница од вода. Девојчето се наоѓа на интензивна нега во болница и моментално не е во животна опасност.

Несреќното девојче е спасено со брзата интервензија на докторите, а сѐ се случило во градинката „Наша радост“ во Рача, Крагујевац. Мислејќи дека е шише со вода, воспитувачката му дала на детето на пие. За кратко девојчето започнало да повраќа.

Не знаејќи што се случува, од градинката ја повикале мајката на дедето да дојде по ќерка си, пишува Блиц. Мајката го однела девојчето во болница, а дежурниот доктор девојчето итно го испратил во болницата во Крагујевац.

„На половина пат кон болницата воспитувачката ја побара мојата ќерка и кажа дека детето испило средство за дезинфекција кое било на масата во шише од вода. Штом стигнале во Крагујевац,  детето го примија на одделот за педијатрија, а потоа го префрлија на интензивна нега. Според зборовите на докторите, таа е добро, но следните 48 часа е важно да се следи нејзината здравствена состојба, раскажа Томислав Вељковиќ, дедото на девојчето.

Мајката Јелена Радовановиќ вели дека повикот од градинката го добила додека била на работа. Воспитувачката и рекла дека детето испило вода и потоа почнало да се гуши и повраќа. „Отидов во градинката и во ходникот слушнав дете како вика и видов дека воспитувачката беше потресена. Таа ми го покажа тоа шише на масата на кое инаку се чува вода за малите деца. Но, она што не го знаевме е она што имало во шишето. Тргнавме дома, но таа постојано плачеше и повраќаше“ - раскажа мајката.

Воспитувачката што сфатила што има во шишето, ја повикала мајката и кажала за што станува збор. 

Директорката на градинката Љубина Јевтиќ вели дека ќе покрене дисциплинска постапка и ќе ги извести сите надлежни органи за ова случување. „Одговорноста на вработените ќе се утврди со истрага и тие ќе ги сносат последиците наведени во законот“ - истакна таа.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: