Ужива во љубовта: Били Ајлиш е уловена како страсно се бакнува со 11 години постариот музичар (ФОТО)
Откако пред неколку дена се појавија видеа од пејачката Били Ајлиш (20) и пејачот Џеси Радерфорд (31), главниот вокал на „The Neighbourhood“, со кој се држеше за раце, сега се појавија фотки на кои се бакнува со него и со тоа ги „потврдија“ гласините.
Били и Џеси во вторникот беа уловени на вечера во Лос Анџелес, а на патот до ресторанот се бакнувале и секако дека тоа го забележиле папараците.
Били изгледала никогаш посреќна додека одела кон автомобилот со музичарот. Пред да стигне до автомобилот, парот неколку пати правел паузи за да размени нежности.
Ајлиш била облечена во вообичаен стајлинг, носела неколку броеви поголема јакна, која ја искомбинирала со широки панталони и „Converse“ карирани патики.
Џеси исто така носел лежерна комбинација - на себе имал темносина маица со долги ракави и долги сиви панталони и едноставни бели патики.
Ова им беше втор состанок за многу кратко време. Само неколку дена претходно, беа видени како уживаат во тестенините во еден ресторан.
Приказните за нивната романса почнаа минатата недела, кога обожавател на Били објави видео на ТикТок, во кое се гледа како били излегува од куќата на стравот, држејќи се рака со Џеси.
фото: Принтскрин / Инстаграм