Ужива за сите пари: Анастасија Ражнатовиќ за едно ноќевање во овој хотел плаќа 2.500 евра
Околу неа има само луксуз, а се зборува и дека таму не е сама...
Анастасија Ражнатовиќ ова лето реши да ужива и тоа за сите пари.
Откако за својот роденден објави два хита, пред работната есен одлучи да одмори малку и топлите денови да ги помине на некоја егзотична локација. По летувањата со другарките, одлучи својот одмор да го продолжи во Турција, а сега со следбениците сподели како изгледа хотелот во кој престојува.
Фотографиите и видеата од местото навистина оставаат без здив, а некои медиуми пренесуваат дека за едно ноќевање во овој хотел треба да се платат дури 2.500 евра.
Цената е вистинска ситница, би кажал некој.
Исто така се зборува дека Анастасија овој пат на одмор заминала со своето момче, бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ, кој не сака медиумски да се експонира.
Во продолжение погледнете како изгелда хотелот во кој престојува младата пејачка: