Вака треба да се исфенирате за да изгледате богато: Ви требаат 15 минути и нула денари

Вака треба да се исфенирате за да изгледате богато: Ви требаат 15 минути и нула денари

Објавена во: Мода // In and Out

Како до „богат волумен на косата“? Фризурата која стана популарна на TikTok преку ноќ бара три работи - фен, витлери за коса и производ по избор, кој е добар за волуменот на косата.

„Богаташки волумен“ најлесно ќе постигнат жените кои веќе имаат густа коса, иако според корисниците, дури и тенката коса може да има корист од оваа техника.

Како што објасни корисникот кој се нарекува „lavish_krish“ во видеото на TikTok, откако ќе ја исушите косата, нанесете производ за волумен, врзете ја косата во високо опавче и навиткајте ги витлерите за коса кон врзаното опавче. Според неа, целиот процес трае 15 минути.

@lavish_krish #blowouthack #ponytailblowout #blowouttutorial ♬ original sound - Krishna

На крајот со помош на пегла за коса ги исправи деловите од косата кои ѝ се „непослушни“ , а резултатот е неверојатен.


Извор: zena.blic.rs

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: