Вакво нешто досега не се случило: Цел свет зборува за средбата на поранешната девојка и сегашната жена на Џастин Бибер (ФОТО)

Вакво нешто досега не се случило: Цел свет зборува за средбата на поранешната девојка и сегашната жена на Џастин Бибер (ФОТО)

Објавена во: Совети // Другарство

Некои не веруваат дека ова е реално, но прилично изгледа дека е...

Обожавателите навистина би сакале драма, но девојките решија еднаш засекогаш да стават крај на гласините и озборувањата. Нема лоши односи помеѓу Селена Гомез и Хејли Бибер, напротив, девојките позираа прегрнати една со друга.

Сега, ова може засекогаш да ги затвори устите на сите. Сите мислат дека тие две не се во добри односи, а најверојатно е дека не се најдобри пријателки, но далеку од тоа дека се мразат. Тие се во океј односи. И тоа го докажаа во саботата на настанот на кој и двете присуствуваат - Academy Museum of Motion Pictures 2nd Annual Gala, Presented by Rolex. Еден од фотографите ги уловил заедно и изгледаат потполно среќни.

Имаше дури и неколку фотографии, а откако се појавија на социјалните мрежи не престанува да се зборува за нив. Очекувано! Сепак, се појавија некои кои тврдат дека фотографиите не се реални и дека девојките се споени на Фотошоп. Ниту Селена, ниту Хејли не споделија ниту една од тие заеднички фотографии на социјалните мржеи, иако Хејли сподели еден куп фотки од тој настан.

Фотографиите изгледаат прилично реално, а на својот Инстаграм профил ги објави и фотографот кој е верифициран и кој ги фотографирал. Можеби ова сега еднаш засекогаш ќе ги смири нападите кон Хејли.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: