Ванеса Хаџенс се подготвува за венчавката: Познатата актерка открива зошто сака да побегне
Актерката тешко се носи со предизвикот да го организира тој голем ден...
Ванеса Хаџенс во февруари се сврши со своето момче, играчот на бејзбол Кон Такер.
Среќната вест за свршувачката ја сподели на својот Инстаграм профил кога го покажа прекрасниот дијамантски прстен кој го добила.
Така, актерката веќе на големо се подготвува за големиот настан во животот - денот на нејзината венчавка. Но, во сето тоа, се чувствува прилично изгубено.
Имено, Ванеса гостуваше во емисијата „Drew Barrymore Show“, а во текот на емисијата водителката ја праша како течат подготовките за свадбата.
„Тешко е“ - призна актерката, која ја паметиме по улогите во романтичните комедии.
Имено, идната невеста се мачи со пронаоѓањето на локација за одржувањето на свадбената церемонија.
„Не знам, тешко е да се пронајде место. Некако само сакам да избегам, навистина сум изгубена“ - се пожали Ванеса поради притисокот кој го чувствува околу организацијата.
Дру ја праша и што нејзиниот вереник мисли за венчавката.
„Мислам, тој само сака да се венча со мене. Тој на сите прашања ми одговара со: „Што сакаш душо““ - се пожали Ванеса, на која идниот сопруг не ѝ олеснува околу организацијата.
Ванеса и нејзиниот вереник се запознале во мај 2021 година преку група за медитација на Зум. Почнале да се допишуваат и сега, две години подоцна организираат свадба.
Целото интервју со актерката, може да го погледнете ТУКА.
фото: Принтскрин / Инстаграм