Валерија и Олга изгледаат како сестри, а всушност се мајка и ќерка: Следбениците тврдат дека користат филтри (ФОТО)
Иако многу ќерки изгледаат како помлади верзии на своите мајки, тие две се идентични, не само по ликот, туку изгледа како да се на иста возраст...
„Луѓето постојано мислат дека мојата мајка и јас сме сестри, некои велат дека таа изгледа и помладо од мене и често ја споредуваат со Шарлиз Терон“ - вели Валерија Воронина, 20-годишна девојка, која на социјалните мрежи стана популарна поради своите фантастични трансформации со шминка.
Видеата на Валерија се вирални, а стана уште популарна кога во нив се појави нејзината мајка. Иако многу ќерки изгледаат како помлади верзии на своите мајки, тие две се идентични, не само по ликот, туку изгледа како да се на иста возраст.
Оваа девојка најпрво ги збуни своите следбеници кога објави видео со мајка ѝ. Во првиот дел тие две се несредени, со помош на шминката оставаат впечаток како да имаат брчки, жолти заби, облечени се во стара облека и се намуртени.
Во вториот дел од видеото и таа и мајка ѝ заносно замавнуваат со косата и се појавуваат во гламурозна облека со средени фризури и комплетна шминка.
Следбениците не можеа да поверуваат дека од нив е мајката на Валерија, бидејќи изгледаат како да имаат исто години. Многумина мислеа дека се шегуваат и дека девојките на видеото се сестри.
Валерија и нејзината мајка Олга имаат природно кадрава коса, многу сакаат да се шминкаат и снимаат, но и да ги збунуваат следбениците.
„Изгледате како сестри. Твојата мајка дури изгледа и помладо“ - им напиша еден збунет следбеник.
Покрај разликата во години, очигледно е дека Олга има добри гени.
„Тоа не е твојата мајка. Нема ниту една брчка. Ни кога се смее. Јас не верувам“ - им напиша друг следбеник, кој категорично одби да поверува дека на видеото се мајка и ќерка.
„Кој е овде мајка? Копија сте една на друга. Изгледате толку младолико и имате толку убави лица“ - напиша напиша една жена.
Некои следбеници тврдат дека Валерија во обработката на видеата користи многу филтри, но таа ги демантираше овие обвинувања.
фото: Принтскрин / ТикТок