Васил доби емотивна видео порака: Детскиот хор од Чикаго го изненади
Детскиот хор од Чикаго, каде што Васил партиципирал од 1999-та до 2003-та година го изненади нашиот евровизиски претставник со прекрасно видео пеејќи ја песната „Татковина“, која специјално била аранжирана за него во 2003-тата година, кога Васил бил депортиран од Соединитите Американски Држави заедно со неговото семејство, понизен момент и голема лекција којашто никогаш нема да ја заборави, како што го опишува Васил овој момент од неговиот живот.
„Да се биде дел од Детскиот хор од Чикако за мене беше едно од најзначајните животни искуства, каде добив шанса да соработувам, пеам и учам од најдобрите, но и да ги стекнам најзначајните животни вредности, дисциплина, морал, извонредност во перформансите, но и да размислувам за очекувањата, целите и секогаш да настапувам со отворено срце“ – изјави Васил.
Инаку, според извлекувањето коешто се случи во вторникот во рамки на свечената церемонија на примопредавањето меѓу минатогодишниот град -домаќин Тел Авив и актуелниот Ротердам, Васил ќе настапи во првата половина на првото евровизиско полуфинале на 12-ти мај. Конечниот редослед дополнително ќе биде одреден од страна на продуцентите на шоуто.