Важат за трендсетерки, но не се имуни на класиката: Младите ѕвезди во „all black“ комбинации
Познавачите на модата не залудно велат дека кога не знаеш што да облечеш, одлучи се за црната боја, бидејќи ретко кој може да погреши со изборот на облека, кога е оваа боја во прашање. Неколку пати досега се уверивме дека и музичките ѕвезди, кои се најактуелни помеѓу тинејџерите се водат по оваа поговорка.
Иако важат за трендсетерки во комплетка смисла на зборот, тие некогаш сакаат да одат на сигурна варијатна, а често имаме можност да ги видиме во „all black“ издание.
# Мартија Станојковиќ
За оваа пејачка многупати досега пишувавме дека е трендсетерка во комплетна смисла на зборот, но мора да признаеме дека и кога ќе се одлучи за класика и тогаш изгледа посебно. Најпрво објави интересна „all black“ комбинација, а потоа сподели уште една фотографија, на која позира заедно со Барбара Поповиќ. И на следната фотографија Мартија е црно, само што доби засилување од својата колешка.
# Барбара Ракичевиќ
Младата водителка и ќерка на познатата ТВ водителка Мелита Ракичевиќ не греши кога е комбинирањето на парчињата облека во прашање. Но, и таа знае да се одлучи за црна варијатна.
# Антониа Гиговска и Иван Јованов
Оваа музичка двојка често внимава да биде модно усогласена. Горе - долу секогаш се облечени во слични бои или во слични стајлинзи, а така беше и овој пат. Двајцата во црно - Иван во црна кошула, Антониа пак во црно сако, оставаат впечаток на холивудска двојка.
фото: Инстаграм
Р.Х.