Вчера наполни 75 години: Како настанала приказната за Пипи Долгиот Чорап
Зошто сите му се воодушевуваат на ова најсилно, најхрабро и најнезависно девојче на светот? И по 75 години, Пипи не излегува од мода.
Пипилота Виктуалиа Рулгардина Крусминта Ефраимсдотер Лангструм - сево ова Пипи мора да го изговори кога сака да се претстави. Тоа не е случај само на шведски, туку и на сите 70 јазици на кои се преведени нејзините авантури. Пипи и понатаму е многу популарна во Германија, вели нејзиниот германски издавач Оетингер од Хамбург. Во Германија од 1949 година се продадени околу 8,6 милиони книги за Пипи Долгиот Чорап, а ширум светот околу 70 милиони книги.
Сево ова се случувало во Шведска во 1941 година, кога Астрид Линдгрен седела на креветот на својата болна ќерка. Таа и предложила на својата мајка да и раскажува за „Пипи Долгиот Чорап“ - на името на девојчето спонтано се сетила. Па така Астрид почна да зборува. Измислила девојче со црвени кики, чија мајка е ангел, а татко и крал на Јужното море и кое - освен мајмунот господин Нилсон и коњот - живее сама во вилата Вилекула. Три години подоцна Астрид ја запишала својата приказна на хартија и ја испратила на еден шведски издавач, со реченицата: „Во надеж дека нема да го алармирате Бирото за грижа на деца.“
Многу брзо одговорот пристигнал, а во него пишувало дека не постои интерес за печатење на книгата, се до 1945 година. Тогаш издавачката куќа „Rabén & Sjögren“ објавила конкурс за децка книга, а Астрид го испратила малку изменетиот ракопис и ја освоила првата награда. Книгата за Пипи Долгиот Чорап за првпат е отпечатена за Божиќ 1945 година и се до денес важи за апсолутен хит.