Вчера навиваше со синот Иво: Поранешниот министер Венко Филипче ја бодреше Македонија од својот дом (ФОТО)
Вчера вечер се одржа финалето на квалификациите во фудбал за Светското првенство во Катар. Нашата репрезентација за жал изгуби со 2:0 од Португалија, и не го оствари сонот за Катар, но и ова е голем успех.
За тоа колку нашиот народ беше горд на овој успех, говори и фактот што околу 1.500 Македонци ги бодреа црвено - жолтите на трибините во Порто, а сите останати беа пред малите екрани на разнични локации и жестоко навиваа.
Некои за следење на овој историски фудбалски натпревар го одбраа омилено кафуле, други кафана, трети плоштад, а имаше и такви што останаа во своите домови. Во оваа последната категорија е и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кој на својот Фејсбук профил откри дека натпреварот ќе го следи дома, со неговиот син Иво.
„Вечерва навиваме со син ми Иво!
Знам дека одново ќе испишеме историја и силно верувам во нашите фудбалери. Македонската репрезентација е сплотена, силна, мотивирана како ниедна во светот и вечерва ќе го даде најдоброто од себе.
Само напред и храбро дечки, вечерва нема што да загубите! Ги освоивте срцата на Европа и светот и ја промовиравте државата како никој никогаш во минатото. Вие станавте симбол за тоа како малите можат да ги победат големите. Верувам во вас, верувам во оваа репрезентација, одиме на светско првенство!“ - напиша покрај фотографијата.
фото: Принтскрин / Фејсбук