Ве оставиле преку смс порака: 9 познати личности кои се оставени на овој начин

Ве оставиле преку смс порака: 9 познати личности кои се оставени на овој начин

Објавена во: Stars // Музика

Верувале или не, некои од нашите омилени ѕвезди се оставени преку текстуални пораки, а за работата да биде уште полоша, тоа не биле разделби на врски, туку разделби на веридби и бракови. Во продолжение дознајте кој ја има преживеано овој кошмар.

# Џастин Бибер 

Селена Гомез го остави Џастин преку смс, уште во 2014 година. Најпрво го советувала да се посвети на рехабилитација, но тој и одговорил со непримерни, голи фотографии по што Селена му испратила порака дека раскинуваат.

# Ариана Гранде 

Обожавателите претпоставуваат дека Џај Брукс во 2013 година ја оставил пред да излезе на сцена, на нејзината прва турнеја.

# Пери Едвардс 

Таа од самиот почеток им говореше на медиумите дека Заин Малик ја раскина нивната четиригодишна врска и двегодишна веридба преку смс порака, меѓутоа тоа никогаш јавно не го потврди.

# Кери Андервуд

Кери кратко се забавуваше со Чејс Крафорд од популарната серија „Gossip Girl“, но со оглед на тоа дека разделбата беше взаемна, страдањето и болката по разделбата преку пораки беа избегнати. 

# Тејлор Свифт 

Обожавателите шпекулираа дека Џо Џонас ја оставил преку телефонски повик кој траел само 25 секунди, а тоа е слично како преку смс.

# Кети Пери

Расел Бренд преку текстуална порака, во декември 2011 година и порача на Кети дека сака да се разведат.

# Ким Кардашијан 

Ким е сега во брак со раперот Канје Вест, но играчот на НФЛ, Реги Баш пред неколку година ја остави пред смс. 

# Линдзи Лохан 

Диџеј Саманта Ронсон ја остави Линдзи преку смс порака, така што наведе дека Линдзи повеќе не му се допаѓа.

# Џесика Симпсон 

Џесика накратко била во врска со Адам Левин, пејачот на групата Maroon 5, кој раскина со неа преку смс пораки со напомена дека едноставно е многу зафатен.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: