ВЕДНАШ ИЗБРИШЕТЕ ГИ: Дури 24 популарни апликации се заразени со опасен вирус
Иако „Гугл“ успеа да најде решение и да го блокира, тој беше преземан повеќе од 472.00 пати.
Купринс објави дека злонамерниот софтвер е забележан во 37 држави, меѓу кои најмногу се од Европа и Азија, како и САД и Австралија. Корисниците на Андроид, чии уреди се заразени со Џокер, наеднаш добиле понуди со премиум услуги, но ништо од тоа не добиле.
„Оваа стратегија фукнционира така што ја автоматизира потребната интеракција со веб - страница за премиум понуди, го внесува кодот на понудите на операторот, потоа чека СМС порака со потврден код и истата е испратена со помош на регуларни изрази“ - објаснето е во извештајот.
Апликациите во кои вирусот е пронајден е Advocate Wallpaper, Age Face, Altar Message, Antivirus Security - Security Scan, Beach Camera, Board picture edition, Certain Wallpaper, Climate SMS, Collate Face Scanner, Cute Camera, Dazzle Wallpaper, Declare Message, Display Camera, Great VPN, Humour Camera, Ignite Clean, Leaf Face Scanner, Mini Camera, Print Plant scan, Rapid Face Scanner, Reward Clean, Ruddy SMS, Soby Camera и Spark Wallpaper.
Исто така, деталите за Џокер се објавени само неколку недели откако популарната апликација CamScanner е посочена поради злонамерен софтвер на некои Андроид уреди, пишува index.hr.
Доколку некогаш сте инсталирале некоја од наведените апликации, проверете ја историјата на трансакцијата откако сте ги деинсталирале, па внимавајте на сомнителните активности на сметките, како непознати уплати.