Ведран, Коста и Игор имаат 13 години: Нивниот спортски Инстаграм профил изгледа како да го водат професионалци
За разлика од своите врсници кои се насочени кон трендовите на Јутјуб, Инстаграм и ТикТок, тројца тинејџери од Белград, покажаа дека присуството на Интернетот може да биде културно, афирмирано и професионално, без да се прават предизвици и ајде да кажеме, глупирање за лајкови и споделувања.
Инстаграм профилот „Волеј“ на прв поглед делува како да го води некој кој има најмалку 20 години и некој кој добро се разбира во спорт, како во самата суштина, така и во оние споредни детали кои сме навикнати да ги добиваме за време на преносите на фудбалските натпревари од познатите спортски коментатори.
Ова се млади колеги на спортските коментатори и вљубеници во спортот кои се кријат за „Волеј“, а верувале или не, имаат само 13 години и се уште се наоѓаат во училишните клупи. Но, Ведран Радовиќ, Коста Нешовиќ и Игор Котхај, иако по годините се се уште деца, делуваат како вистински „експерти“ во она што го пишуваат на социјалните мрежи. И верувајте ни на зборот, тие се вистинско освежување на социјалните мрежи, барем кога се во прашање помладите генерации.
„Ние сме три другари, имаме по 13 години, тренираме фудбал и заедно го уредуваме овој профил. На оваа идеја дојдовме во мај 2020 година по карантинот, бидејќи освен што многу го сакаме фудбалот и воопшто спортот, меѓу другото, од наша трета година го следиме детално фудбалот, разните европски лиги и одлучивме тоа знаење да го споделиме. Така донесовме одлука да направиме фудбалски Инстаграм профил.“
Како што велат, имаат поддршка од родителите, но под еден услов - училиштето не смее да трпи. Покрај фудбалот, обработуваат и кошарка и тенис, а како што велат, сето ова го постигнуваат, бидејќи кога едниот не може да напише објави, тука е другиот. Кога не може ни тој - тука е третиот.
„Најмногу следиме фудбал и профилот е пред се во врска со фудбалот, но ги следиме и останатите спортови ккао што се кошарката и тенисот. Родителите позитивно реагираа, не поддржаа под услов училиштето да ни биде на прво место и понекогаш ни даваат и совети. Училиштето и водењето на профилот може да одат заедно, доколку правилно се распредели времето. Секако, лесно е затоа што сме тројца, па кога еден учи, некој друг ќе објави нешто.“
Нивниот начин на комуникација со следбениците, кога ќе ги погледнете нивните врсници и оние малку постарите, е тотално нетипичен. Не користат пцовки, не прават предизвици, не се снимаат додека зборуват вулгарни работи за нивна возраст и тоа е она што на крајот, освен афирмативните објави ги прави посебни.
„Целта ние да бидеме поинакви. На едно место да им ги овозможиме на следбениците сите важни информации и занимливости за фудбалот. Некогаш се обидуваме да објави некоја вест и пред другите слични профили. Понекогаш успеваме во тоа. Ја следиме конкуренцијата, некои дури ни се и инспирација. Од профилите може да ги издвоиме 433 и Br Football, а од домашните Aca Informacija и TechSport Serbia.“
Добрата и квалитетна објава подразбира познавање на материјата, редовно следење на резултатите и вестите од областа на спортот. Како што велат, секогаш се договараат, но пред се, добро истражуваат и анализираат. А, реакциите за нивната работа не изостануваат ниту од нивните врсници.
„Да се направи квалитетна објава, отприка се потребни 10 минути, но исто така зависи од објавата и што мислиме дека треба да има во тој текст. Некогаш е потребно и повеќе време да се пронајде статистика и податоци. Секако се договараме пред објавувањето. Реакциите на врсниците се различни, за некои ова е бламирање, за некои е супер, но не се насочуваме кон тоа, иако пофалбите ни годат.“
На почетокот, кога го основале овој профил, имале скромна цел - 300 следбеници. Магичната цифра е пробиена и новата цел им била 500. Кога ја надминале и неа, сакале да се зголемат, но суштината останала иста - квалитетот. Таквиот пристап на работа сакаат да го одржат и во иднина.
Извор: noizz.rs