Веќе мисли дека е многу голема: Лана Марија, ќерката на водителката Милена наполни 5 години (ФОТО)

Веќе мисли дека е многу голема: Лана Марија, ќерката на водителката Милена наполни 5 години (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Девојчето доби роденденска забава на тема Мини Маус...

Милена Антовска, едно од најпознатите ТВ лица, пред 5 години за првпат почна да ја игра најважната животна улога - улогата на мајка. Имено, пред точно 5 години на свет дојде нејзината прва ќерка, која тогаш го доби името Лана Марија.

Сега, пет години подоцна, наследничката на водителката прослави роденден. По тој повод, мама Милена и тато Гордан ѝ организираа незаборавна роденденска забава. Тематика на роденденот била Мини Маус, која дефинитивно ѝ е омилен лик од цртаните на Лана Марија.

На роденденот освен тематски украсениот амбиен, тортата, имало и пантомимичар, како и многу другарчиња со кои девојчето го прослави роденден. Гордата мајка, на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од оваа забава, а особено внимание привлекоа оние на кои позираат Милена, Гордан со Лана Марија и помалата ќерка Јоана.

„Лана Марија вчера наполни 5 години и веќе мисли дека е многу голема. Да ни е жива и здрава и да нѐ радува и секако да нѐ нервира цел живот. Не дека е моја, не дека е наша, ама има зошто е родена на еден од најубавите празници, Успение на Пресвета Богодорица. Те сакаме“ - вака водителката ги опиша фотогорафиите од роденденот на својата наследничка.



фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: